Дуелот со Гибралтар ќе биде и шанса за деби на Етеми, Димоски, Фазлагиќ…

624

Вечерва или доцна попладне во 18 часот на Арената „Тодор Проески“ нашата А-репрезентација ќе го одигра својот четврти меч во УЕФА Лигата на Нации во својата 4 група од Ц- сегментот. По поразот од Грузија дома, и то убедлив, не е тајна дека шансите за прво место во групата сега за нас се сведени само на теорија.

Па токму затоа, а тоа вчера на пресот го истакна и селекторот Благоја Милевски, денеска на мечот со Гибралтар, шанса ќе добијат и оние играчи кои досега немаат настап за Македонија. Значи може да се очекува деби настап на Валон Етеми, Енис Фазлагиќ, Бојан Димоски и Томче Гроздановски. Веројатно нема да бидат стартери, но веројатно во текот на мечот ќе добијат шанса, секако во зависност и од резултатот, ќе добијат шанса да одиграат некоја минута во А-тимот на Македонија.

ПретходноМартин Стојанов нов играч на Септември
СледноДелонте Вест е повторно бездомник