Етеми: Среќен сум за дебито, ќе се радуваме и во иднина

312

Меѓу дебитантите во нашата фудбалска репрезентација во овој јунски циклус беше и младиот Валон Етеми. По одличната сезона во составот на турски Истанбулспор, Етеми дебитираше во нашиот тим на денешнот меч со Гибралтар.

„Победивме убедливо и тоа е најважно. Задоволен сум од моето деби за националниот тим. Ова навистина е круна на одличната сезоната за мене. Со Истанбулспор се изборивме за пласман во Суперлигата на Турција. Ќе направиме се да ја радуваме публиката и во иднина, среќен сум за настапот“, истакна младиот Етеми.

ПретходноГибралтар и вторпат решен во „трк“, сега го чекаме септември (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноТунижанец е новиот тренер на Барди во Леванте