Денеска од 18 часот на Арената во Скопје, нашите „рисови“ ќе ги одмерат силите со Гибралтар. Селекција која не би требало да ни направи проблеми, но и селекција која исто така не смее во никој случај да се потцени.
Македонија има три победи над Гибралтар во исто толку одиграни мечеви, но јасно е дека нема да биде баш така лесно за момците на селекторот Благоја Милевски. Посебно не ако се знае што се случуваше во четвртокот вечерта на Арената кога Грузија просто не шокираше со 0:3.
Сега е време да се заборави тоа што се случи со Грузија, да се научи лекцијата, никогаш да не се повтори и се разбира да се победи Гибралтар на елегантен начин и на убедлив начин. Нешто што оваа генерација на играчи безброј пати во изминатие години знаеше да го направи.
Се бара победа, поточно таа победа се подразбира, но таа треба да биде и убедлива победа.
Само така ќе се залечат свежите „рани“ од мечот со Грузија.
Е, па, момци.. одиграјте за себе, но и за Македонија…