На прес-конференцијата по мечот со Гибралтар, селекторот Милевски ги искажа своите видувања на убедливата победа со која го затвораме циклусот натпревари во овој месец.
„Со Грузија не првите 30 минути, туку првите 50 минути имавме ист број на ситуации кои можевме да ги реализираме, но играта беше одлична. За жал не реализиравме, сега успеавме. Иако дадовме четири гола, можевме да бидеме уште поубедливи“, вели Милевски, кој додаде дека Македонија останува во трка за првото место во групата, посебно по ремито на Грузија дома против Бугарија.
„Искрено не го ни знаев резултатот меѓу Грузија и Бугарија. Жалам што загубивме таков меч против Грузија, затоа што одигравме едно од најдобрите 50 минути, но загубивме и нема назад. Одиме понатаму. Ќе видиме што ќе се случува понатака во Лигата на нации. Момците покажаа пристап кој е за секоја пофалба. Овој тим без разлика против кого игра има максимален респект кон секого, но на терен кон никого. Им честитам на момците за пристапот и желбата за успех. Благодарност до сите оние кои беа дел од овој камп затоа што одовоија 17 дена да се ставав во функција на тимот. Благодарам за сето тоа што го покажаа на овие четири меча. Главна цел ни е да создадеме конкурентен тим за квалификациите во ЕП 2024“, е коментарот на Милевски веднаш по победата над Гибралтар.