ПОЛУВРЕМЕ: Македонија „гази“, Барди блеска, Миовски со два гола за две минути (видео)

274

Македонската фудбалска репрезентација игра маестрално на мечот со Гибралтар во 4. коло од Лигата на нациите. По првото полувреме „рисовите“ водат со 4:0, а четирите гола паднаа во првите 30. минути.

Капитенот Енис Барди игра маестрално. Тој е вистински лидер на денешниот натпревар. Игра едноставно, буквално си поигрува со противниците, постигна прекрасен гол од преку 20 метри, а во 14. минута му асистираше на Миовски за дебитантскиот погодок.
Само две минути подоцна Барди ја поведе акцијата за третиот гол. Во шанса се најде Николов кој шутираше но неговиот удар беше изблокиран, а топката дојде до Миовски кој ја испрати во голот.

Во 30 минута одново Барди прекрасно го пронајде Тодороски на десната страна, а овој од прва нафрли на петерецот каде што Чурлинов без мака ја смести во мрежата.
Имаше Македонија уште неколку убави шанси за поубедливо водство, а голманот Банда неколку пати ја спасуваше својата мрежа.

ПретходноКРАЈ: МАКЕДОНИЈА – ГИБРАЛТАР 4-0
СледноОвации за Миркуловски: Големиот борец одржа говор на македонски јазик (ФОТО+ВИДЕО)