Стручен коментар – Александар Васоски: Симпатична победа…ова нешто беше потребно!

687

Македонија во меч од 4.коло во Лигата на Нации успеа да го победи Гибралтар со 4:0. Фуриозни минути од 4. до 31., тогаш головите беа постигнати. Можеме да бидеме задоволни, посебно по она што се случи со Грузија пред три дена.

За читателите на „Спортмедиа“ стручен коментар дава Александар Васоски, еден од нашите најдобри тренери.

Па, искрено јас сум задоволен од тоа што го видов од нашите момци. Симпатична победа од 4:0, три бода. Ваква убедлива победа ни беше потребна вечерва. Влеговме со енергија на овој меч, решени по секоја цена да победиме и тоа убедливо по поразот од Грузија. Така и беше. Барди кој е класа за себе погоди на почетокот со фантастичен шут и потоа се беше полесно. Видовме нов систем на игра со тројца позади, и тоа против Гибралтар добро функционираше. Сепак ова не треба да биде мерило за нашиот квалитет со оглед на тоа дека разликата во квалитетот е голема. Но сепак добро е“ вели Васоски.

Тој е задоволен и од настапот на дебитантите… но и на оние помлади играчи.

Да, тука беа Серафимов, Димоски, Тодоровски, Фазлагиќ,Миовски, Гроздановски и други, секако Етеми со кого ќе имаме и опција плус во нападот. Штета што прекрасниот шут во таа 90+3.минута не заврши во мрежата, туку во стативата. Има тука потенцијал, треба само да им се дава шанса. Тука не ги го заборавил и Аврамовски од Сараево. Инаку добро е тоа што денеска Грузија против Бугарија не победи, па ете ни се отвараат, макар минилно, шансите за тоа прво место. На крајот да кажам дека ги сфаќам играчите кои на 4:0 како да застанаа, преголем е заморот, за 10 дена се одиграа 4 натпревари. Доволни се овие 4:0 против Гибралтар“ заклучи Васоски.

ПретходноФазлагиќ: Оваа репрезентација на секој меч оди на победа
СледноСерафимов: Ако продолжиме вака ќе растеме во секој нов циклус