Трим Лум се пофали, Бесарт Ибраими е нов член на Струга (ВИДЕО)

405

Екипата на Струга Трим Лум следната сезона ќе биде посилна за  ни помалку ни повеќе туку Бесарт Ибраими. Екс играчот на Ренова, Шкендија, Шалке, Ксанти но и екс македонски репрезентативец му пристапува на тимот на Струга по авантурата која ја имаше во Грција, односно во тимот на Ксанти.

Спортмедиа го најави трансферот на Ибраими уште пред неколку дена, а тој ќе биде големо, огромно засилување за клубот, кој изминатата сезона не ги исполни своите но и очекувањата на јавноста на резултатски план.

Токму затоа е доведен Ибраими, за да следната сезона Струга Трим Лум повторно застане на местата кои реално му припаѓаат на клубот според вложувањата и со тоа да биде обезбеден нов излез во Европа, а зошто да не и атак на некој трофеј.

ПретходноПол Погба на чекор до потпис!
СледноДенеска младите финишираат против Босна