Леванте испадна во Сегунда и се спрема за нов почеток, а денеска го назначи и новиот тренер кој ќе има задача да го врати клубот во елитната шпанска лига. Новиот стратег е Мехди Нафти кој пред неколку денови го напушти Леганес.
Тој потпиша договор до 30 јуни 2023 година, со опција соработката да биде продолжена на уште една сезона доколку клубот од Валенсија избори пласман во Ла Лига.
Нафти е поранешен фудбалер на Сантандер, Бирмингем Сити, Арис, Ваљадолид, Мурсија и Кадиз. За Тунис има одиграно 46 натпревари.
Како тренер, почнал во Марбеља, продолжил во Мерида, па во Бадахоз, во туниски Етол ду Сахел, па Луго и Леганес.
Mehdi Naft é o novo treinador da UD Levante. pic.twitter.com/k6WXCR1XVr
— Diário de Transferências (@DTransferencias) June 12, 2022