Меѓу замените кои ги направи селекторот Милевски во вториот дел од мечот со Гибралтар беше и влегувањето на младиот Фазлагиќ. По мечот тој вака ја прокоментира денешната победа:
„Ова беше еден убав меч. 4:0, благодарение на одличното прво полувреме. Во второто гледавме да го затвориме мечот и со што помалку грешки да ја завршиме средбата. Секако и на следните два меча одиме на победа. Оваа репрезентација на секој меч оди со позитивна мисла и на победа. Тоа ќе биде и за наредните натпревари“, вели младиот репрезентативец кој и денеска доби шанса во националниот тим.