Во првата пријателска средба во текот на подготовките во Словенија, попладнево Шкендија одиграа 1:1 со силниот состав на Ференцварош, тим кој е шампион на Унгарија. Унгарците поведоа во 59.минута со голот на Кнестар, за да потоа една минута подоцна, Шкендија со убавиот гол на Ферхан Хасани успеа да израмни.
Тренерот на тетовци Артим Шаќири им даде можност на повеќе свои играчи, и како за прв меч беше тоа сосема солидно издание на Шкендија.