KK Пелистер со осврт на сезоната: Убедливо најгледана екипа во шампионатот!

510

Екипата на Пелистер неколку дена по завршување на сезоната во која го освои второто место, излезе со соопштение до јавноста. Од клубот се благодарни за поддршката која ја добија, воедно потсетија на сето она што го сторија во изминатите месеци.

Битолчани допрва ќе бидат горди, нивниот тим планира да се врати уште подобар и поискусен и да се натпреварува во две лиги надвор, едната е АБА2-лигата, другата е во европските клупски квалификации.

„Почитувана Кошаркарска јавност, битолчани и Чкембари
КК Пелистер ја заврши својата најуспешна година во клупската историја
Кошаркарскиот Клуб Пелистер -Битола во оваа сезона, долго време го имаше првото место во регуларниот дел на сезоната и постави клупски рекорд по бројот на победи и последователни победи. Максимални 11/11 на домашен терен, каде што секој натпревар до крај беше исполнет со права кошаркарска атмосфера.
Битолскиот симбол, достојно беше презентиран оваа година и на Екс-Ју просториите во рамките на АБА2 лигата, каде што поради повреди, тежок распоред не успеа уште во дебитантската сезона да обезбеди настап и на завршниот турнир.
-УБЕДЛИВО најгледана екипа во шампионатот.
Историско финале, и освојување на второто место во Првата Кошаркарска Лига на Македонија.
Финалните натпревари против МЗТ-Скопје беа вистинско уживање, и истите ќе продолжват да бидат во таква атмосфера започнувајќи и од следната сезона, каде што амбициите ќе растат, клубот ќе расти заедно со нашата верна публика.
Голема благодарност до Чкембарите, Битолската публика која што беше со нас во оваа долга сезона.
Фала ви,
Со почит“, се вели во соопштението на МЗТ Скопје. 
ПретходноМакедонија ќе игра за својата чест…
СледноБарселона доби конкуренција, Јунајтед се вклучи во трката за Левандовски