Списокот на учесници во следната сезона во Лигата на шампиони полека се потполнува. По вчерашните нови мечеви во домашните првенства во Европа, девет од 16 екипи го чекираат местото во најсилното европско клупско натпреварување, во кое следната сезона ќе го гледаме и Вардар 1961.
Алборг и Пик Сегед се новитет на списокот за директен пласман во ЛШ, останатите места ќе бидат потполнети наскоро со вајлд-карти. Франција и Унгарија ќе имаат две места, истите треба да бидат доделени на Нант и Веспрем, вајлд-карта се очекува да добие и ППД Загреб. Добро е познато дека Германија исто така веќе има два тима, Магдебург и Кил.
Ждрепката за новата сезона е закажана за први јули во Виена.