„ИСПУКАВМЕ“ рафал од мака…

300

Убедлива Македонија, добра Македонија, на моменти и одлична Македонија вечерва на Арената во Скопје против Гибралтар и победа од 4:0 во меч од 4.коло во Лигата на Нации. Велиме од мака зошто познато е што се случуваше со Грузија пред три дена, а момците на Милевски одиграа во првиот дел навистина добро, квалитетно, се со цел да покажат дека и тоа како знаат да играат фудбал, квалитетен фудбал.

За само 27 минути, од 4. па се до 31.минута постигнавме четири голови, поќна Барди, продолжи Миовски со два гола, заврши Чурлинов.

Гибралтар ја плати сметката за нашиот пораз од Грузија.

БАРДИ Е ВЕЛЕМАЈСТОР…

Овој меч започна како што и очекувавме. „Рисовите“ тргнаа уште од првата секунда во напад, во урагански напад, со цел што побргу да поведат. А поведоа со фантастичниот гол на Енис Барди во 3.минута и тоа слободен удар. Мајсторот шутираше од 25. метри, прво топката се одби од десната статива на Гибралтар, за да потоа заврши во мрежата.

Само неколку минути подоцна Миовски ја погоди пречката, тоа како да го наговести за двата гола што тој ги постигна во првиот дел, деби голови. Прво прекрасно со глава го испрати центаршутот на Барди во 15.минута, за да потоа во 17.минута од непосредна близина најдобро се снајде за убедливи 3:0.

СУПЕР АКЦИЈА…ЧУРЛИНОВ СТРЕЛА ЗА 4:0

И покрај тоа што имаме убедливо водство, Барди и компанија не запираат, шанси, супер акции, иамвме барем уште 4-5 големи шанси за уште поубедливо водство. А постигнавме само еден, и тоа на Чурлинов во 31.минута откако Барди и Тодоровски му сервираа идеална ситуација.

Гибралтар пак се закани во два наврати, но нашиот голман Шишковски секогаш беше на своето место.

ДЕБИ ЗА ЕТЕМИ, ДИМОСКИ И ФАЗЛАГИЌ…

Она што вети вчера на пресот, селекторот Милевски и го исполни. Второто полувреме го започна и со Етеми, Димоски и Фазлагиќ, ова за нив беше деби настап за А-репрезентацијата на Македонија. Подоцна во игра влезе и Гроздановски, и за него ова беше деби настап.

Ние продолживме со напади, но немаше шанси и голови како во првото полувреме, како да се намали темпото на нашиот состав.

Тоа и дефинитивно се намали, задоволни од тие 4:0 нашите момци не “гризеа“ така како во првиот дел. А и немаше којзнае каква потреба, и овие 4:0 се сосема доволни за убедлив триуимф.

На крај Валон Етеми со фантастичен шут ја погоди стативата.

УЕФА Лига на Нации

МАКЕДОНИЈА – ГИБРАЛТАР 4:0 (4:0)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 3.000. Судија: Думитру Мунтеан (МОЛ). Стрелци: Барди 4.,Миовски 15., 17., Чурлинов 31. (МАК). Ж. Картони: Николов (МАК), Лопес, Серџант, Џ. Чиполина (ГИБ).

МАКЕДОНИЈА: Шишковски, Тодороски, Зајков, Серафимов, К. Ристевски, Барди (46. Фазлагиќ), Николов, Елмас (79. Грозданоски), Алиоски (46. Етеми), Чурлинов (46. Димоски), Миовски (64. Дор, Бабунски).

Селектор: Благоја Милевски.

ГИБРАЛТАР: Банда, Лопес, Оливеро, Анесли, Р. Чиполина (60. Серџант), Брито (60/ Џ. Чиполина), Касчијаро (49. Стиш), Вајсман, Валарино (74. Џоли), Ториља (46.Ронан), Вокер.

Селектор: Хулио Рибас.

ПретходноПо селфи со Елмас (видео)
СледноНорвешка ja победи Шведска, Халанд стигна до 20 гола во 21 меч (видео)