По три последователни порази, репрезентацијата на Швајцарија ја обезбеди првата победа во групата во „А“-сегментот од Лигата на нации. Вечерва на домашен терен, Швајцарците со голот на Сеферовиќ постигнат уште во 1. минута од мечот, и го нанесоа првиот пораз на Португалија.
Во рамките на вториот меч во групата, Шпанија и врати на Чешка за ремито во 1. коло, овој пат славејќина домашен терен со сигурни 2:0. Головите за Шпанците беа дело на Солер во првото и на Сарабиа во второто полувреме на мечот.
Во рамките на „Б“-сегментот, Србија дозволи да испушти предност од 2:0 на гостувањето кај Словенија и на крајот да одигра нерешено 2:2. Гостите водеа со головите на Митровиќ и Живковиќ со 2:0, по што во вториот дел Словенците возвратија преку Черин и Шешко и на крајот се изборија за 2:2.
Во Лига-Ц сегментот, Грција минимално со 2:0 слaвеше против Косово.