Миовски: Да се даде гол на Националната арена е нешто навистина посебно

124

Двојниот стрелец за нашата репрезентација, Бојан Миовски, по мечот изјави дека е горд и среќен што успеа да постигне два гола на Националната Арена во Скопје.

„Добро го почнавме дуелот. Уште во 3. минута погодивме, а потоа беше се полесно за нас. Во второто полувреме имавме доста измени, малку падна играта, но задоволни сме со резултатот и победата. Да се даде гол на Националната арена е неверојатно чувство и многу сум среќен што постигнав два гола. Се додека математички имаме шанси ќе се бориме. Ние ќе дадеме се од себе да ги победиме тие два меча и да се надеваме на уште некој кикс на Грузија“, вели нашиот голгетер.

ПретходноМилевски: Можевме да бидеме и поубедливи
СледноЕх, да беше вака со Грузија, а не со Гибралтар…