Роналдо е ослободен од обвинението за силување!

136

Судот во Лас Вегас ја отфрли тужбата против Кристијано Роналдо од 2018 година која ја поднесе  Кетрин Мајорага. Таа го обвини португалскиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери во светот за силување. Роналдо тогаш го направи трансферот од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид, истиот го прослави во ноќен клуб во Лас Вегас каде Мајорага работела како хостеса.

За постетување таа првата парница ја изгуби поради недоволно докази, година дена подоцна беше откриено дека таа добила 300 илјади долари да не го вознемирува фудбалерот, кој сепак мораше да се бори за својата невиност пред суд.

Судијката Џенифер Дорси го отфрли обвинението за Роналдо.

„Набавката на новите документи во случајот се лошонамерни. Новите документи против Роналдо се незаконски присвоени и нивната содржина се коси со сржта на изјавата на Мајорга“, е изјавата на судијката во Лас Вегас.

ПретходноСалах: Мојата куќа изгледа како болница, на мојата сопруга не и се допаѓа тоа
СледноВојдан: Титулата со МЗТ Скопје ми е посебно драга!