У-21 пријателска: Македонија повторно ја победи БиХ, Арда Курталан двоен стрелец!

1339

Младата селекција на Македонија до 21 година повторно, но сега со 2:1, успеа да ја победи соодветната селекција на БиХ во пријателски меч. Завчера во Ѓорче беше 1:0, а денеска на теренот на ФФМ во Скопје, нашите надежи победија како што веќе напоменавме со 2:1.

Стрелци на головите беа Арда Курталан за Македонија во 24. и 34.минута, Рамиќ намали на 2:1 во 42.минута.

Инаку нашите надежи натпреварот го започнаа со Николоски, Мјаки, Деспотовски, Златков, Калкан, Тодоровски, Петејчук, Величковиќ, Абази, Николов, Арда Курталан. На клупата на почетокот од мечот беа Алчевски, Тасевски, Стојчевски, Илиевски, Фета, Маскимов, Фетаи, Крстевски, Тасев, Коцев и Митрев.

ПретходноОвации за Миркуловски: Големиот борец одржа говор на македонски јазик (ФОТО+ВИДЕО)
СледноПо селфи со Елмас (видео)