Германскиот шампион Баерн Минхен го официјализираше трансферот на дефанзивниот играч за врска Рајан Гравенберх кој доаѓа од редовите на Ајакс. Договорот на 20-годишниот фудбалер е заклучен до летото 2027 година.
Неофицијално, трансферот изнесува 25 милиони евра (со вклучени бонуси), а Ајакс би добил и 7% од сумата при следната продажба на фудбалерот. Инаку Гравенберх минатата сезона одигра 30 натпревари во Ердивизијата и постигна два гола.
Инаку ова е втор трансфер на играч на Ајакс во Баерн. Пред неколку недели како слободен играч за „Баварците“ потпиша десниот бек Нусар Мазруи.
Инаку најверојатно Баерн ќе се засили со Садио Мане кој ќе го замени Роберт Левандовски. Се шпекулира дека овој трансфер ќе биде реализиран кон крајот на оваа недела. Мане ќе си оди од Ливерпул кој веќе го договори Дарвин Нуњез, па Мане би требало да пристигне на „Алијанц арената“ на местото на Левандовски кој ќе си замине од Минхен.
🗣️ “𝙃𝙚𝙮 𝘽𝙖𝙮𝙚𝙧𝙣-𝙁𝙖𝙣𝙨!” 🎥🤳 @RGravenberch#ServusGravenberch #MiaSanMia pic.twitter.com/8HHr9HNZSA
— FC Bayern München (@FCBayern) June 13, 2022