Де Јонг би сакал да игра со Левандовски, но каде?

165

Холандскиот репрезентативец Френки де Јонг го пофали Роберт Левандовски и порача дека би сакал да игра во ист тим со него.

По натпреварот помеѓу Холандија и Полска, кој заврши нерешено 2:2, Де Јонг не ја криеше својата желба за соработка со искусниот напаѓач.

Ова дојде како резултат на интензивните преговори меѓу Левандовски и Барселона, но интересно е дека во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед, кој исто така преговара со Де Јонг. Камерманите забележале дека Де Јонг и Левандовски разговарале по мечот, на што Холанѓанецот одговорил:

„Левандовски е неверојатен играч, еден од најдобрите во светот. Дали ќе дојде во Барса? Од него зависи. Секако дека би сакал да станеме соиграчи“, изјави Де Јонг.

Дали ќе ги гледаме заедно останува да видиме.

ПретходноИ ПСЖ тргнува по Левандовски!
СледноВо негов стил: Последниот гол на Миркуловски (ВИДЕО)