И Арсенал се пофали со трансфер: Маркињос стана „топчија“

240

Лондонски Арсенал го потврди трансферот на бразилскиот крилен напаѓач Маркињос кој дојде од Сао Пауло за сума од 3 милиони фунти. Фудбалерот потпиша договор до летото 2027 година.

Долго време го следиме. Има 19 години, многу е млад, но има голем потенцијал. Тој би требало да биде иднината на Арсенал. Среќни сме што потпиша за нас“, изјави спортскиот директор Еду.

Наскоро и Еди Нкетиа ќе го продолжи договорот со „топчиите“, а се шпекулира дека следна цел на клубот од Северен Лондон ќе биде Габриел Жесус од Манчестер Сити.

ПретходноВардар „раскина“ со 10 фудбалери
СледноKaзахстанска фурија: Втор пат ја победи Словечка и е на чекор од плеј-офот (видео)