Киелини за трансферот во Лос Анџелес: Се спремам за следниот план

98

Одамна се зборуваше за овој трансфер, а денеска доби и официјална потврда. Италијанскиот репрезентативец Џорџо Киелини по напуштањето на Јувентус направи трансфер во Америка поточно во ФК Лос Анџелес.

Искусниот централен бек денеска на социјалните мрежи се пофали со видео со што и го потврди трансферот. Фудбалерот кој има 117 настапи за Италија потпишува за петтиот различен клуб во својата кариера.

Почна во Ливорно, па отиде во Рома, од 2004 до 2022 година е член на Јувентус со тоа што една сезона играше и за Фиорентина.

Тргнувам во нова авантура. Ново поглавие во мојата кариера. А ментално, спремен сум да бидам и директор. Сакам да знам се што се случува на теренот, во канцелариите, но за тоа треба трпение, време и жртвување. Се надевам дека за тоа ќе зборуваме во иднина. Се уште треба да ги научам работите. Мојата авантура во САД ќе ме подготви за тоа што следува“, изјави Киелини.

ПретходноШампионот се раздели со шест фудбалери
СледноПознати се можните ривали на Шкендија и Пандевци во ЛК, Македонија ЃП почнува од 2.коло