Коста Манев си замина од А. Пандев и потпиша за Вараждин!

437

Искусниот стопер Коста Манев не е веќе фудбалер на Академија Пандев, имено тој веќе направил трансфер во хрватскиот клуб Вараждин каде ќе ја продолжи својата кариера. Според медиумите во Хрватска тој веќе ги стартувал подготовките со својот нов клуб.

Интересно е дека веќе неколкумина играчи на А. Пандев, кои минатата сезона беа едни од клучните, не се веќе во тимот. Тоа се Георгиев, Мартинага, Ангелов, сега и Манев.

Дали тоа значи дека „пандевци“ ќе бидат значително ослабени во однос на минатата сезона.

ПретходноМладинскиот репрезентативец Бехар Фета пред трансфер во Брегалница!
СледноРакометарите без Манасков и Томовски на Медитеранските игри!