ЛН: Хрватите ја совладаа Франција во Париз, Данците го чуваат врвот (ВИДЕО)

371

Хрватска ја нанижа и втората последователна победа во Лигата на нации, откако вечерва триумфално заминува од „Стад Де Франс“ во Париз. „Коцкестите“ кои тргнаа со пораз и реми во првите две кола, успеаја да ја совладаат Франција на гостински терен благодарение на голот на Лука Модриќ од пенал уште во 5. минута од мечот.

Данска ја оствари и третата победа во сегментот „А“ во Лигата на нации и остана зацврстена на врвот на тебалата во групата „4“. Данците вечерва со 2:0 славеа над Австрија со два гола постигнати уште во првото полувреме.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во сегментот „Б“ во единствениот натпревар вечерва видовме 4 гола. Исланд и Израел одиграа нерешено 2:2 во меч во кој домашните двапати водеа, но Израел двапати брзо израмнуваше и на крајот остана непоразен.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПокетино пред сензационално враќање во Шпанија?
Следно„Кенгурите“ по шестипат ќе играат на Мундијалите