ЛШ: Карабах, Шериф, Слован, Линколн и Шамрок се можните ривали на Шкупи на утрешната ждрепка!

268

Позната е групата во која се најде Шкупи, нашиот шампион пред утрешната ждрепка за 1.квалификациско коло во ЛШ. Познато е дека утре во Нион чаирчани ќе го добијат својот ривал, а ќе се падне еден од овие пет клубови.

Карабах (Азербејџан), Шериф (Молдавија), тоа е тимот на Бобан Николов, потоа Слован Братислава (Словачка), Шамрок Роверс (Ирска) и Линколн (Гибралтар).

Шкупи се наоѓа во групата -3 и секако дека ќе има тежок противник, кој и да се падне, можеби тимот од Гибралтар вака на хартија е некако послаб, но дали е баш така.

ПретходноРакометарите без Манасков и Томовски на Медитеранските игри!
СледноМарко Ѓорѓиевски во нападот на “пандевци“!