Ерлинг Халанд и официјално е промовиран како нов играч на Манчестер Сити. Промоцијата се случи на истиот ден, 13. јуни, кога и неговиот татко Алфи стана дел од „граѓаните“ пред точно 22 години. Тој во Манчестер Сити беше дел три сезони.
„Ова е посебен ден за мене и за моето семејство. Роден сум во Англија, навивам за Сити од мали нозе. Се чувствувам како дома и мислам дека ова е вистински потег. Ми се допаѓа како клубот напредуваше во претходните години. Го сакам напаѓачкиот стил. Верувам дека сум на вистинското место на кое можам да ги исполнам моите амбиции. Сакам да постигнувам голови, да освојувам трофеи и да напредувам како играч. Едвај чекам да ги почнам подготовките за новата сезона“, рече Халанд на официјалната промоција.
View this post on Instagram