Утре во Нион со почеток од 14 часот ќе бидат познати ривалите на македонските преставници на стартот на новата сезона во Лигата на конференциите. Шкендија и Академија Пандев ќе стартуваат од 1. Коло додека освојувачот на Купот на Македонија од 2. Коло на ова европско натпреварување.
Шкендија е во групата 5 и е носител, а можни противници се Сабуртало (Грузија), Флориана (Малта), Арарат (Ерменија), Тузла Сити (БиХ) и Дечиќ (Црна Гора).
Академија Пандев е во групата 1 и не е носител. Па за ривал ќе добие една од екипите: Динамо Тбилиси (Грузија), Алашкерт (Ерменија), Дрита (Косово), Лехија (Полска), Милсами (Молдавија).