Баерн го потврди 25 милионското засилување од Ајакс, следна цел е Садио Мане

117

Германскиот шампион Баерн Минхен го официјализираше трансферот на дефанзивниот играч за врска Рајан Гравенберх кој доаѓа од редовите на Ајакс. Договорот на 20-годишниот фудбалер е заклучен до летото 2027 година.

Неофицијално, трансферот изнесува 25 милиони евра (со вклучени бонуси), а Ајакс би добил и 7% од сумата при следната продажба на фудбалерот. Инаку Гравенберх минатата сезона одигра 30 натпревари во Ердивизијата и постигна два гола.

Инаку ова е втор трансфер на играч на Ајакс во Баерн. Пред неколку недели како слободен играч за „Баварците“ потпиша десниот бек Нусар Мазруи.

Инаку најверојатно Баерн ќе се засили со Садио Мане кој ќе го замени Роберт Левандовски. Се шпекулира дека овој трансфер ќе биде реализиран кон крајот на оваа недела. Мане ќе си оди од Ливерпул кој веќе го договори Дарвин Нуњез,  па Мане би требало да пристигне на „Алијанц арената“ на местото на Левандовски кој ќе си замине од Минхен.

ПретходноKaзахстанска фурија: Втор пат ја победи Словечка и е на чекор од плеј-офот (видео)
СледноФудбалот нема да биде ист: Се воведуваат низа нови правила…