Воска Спорт, екипата која во минатата сезона беше хит во ВМФЛ – ЗАПАД, која заврши втора и тоа пред Вардар, но не успеа преку бараж да стигне до елитата, има нов стратег. Тоа е Берат Имери, тренерот кој има про-лиценца, а најпознат е по тоа што беше стратег на У-19 тимот на Шкендија.
Познато е дека веднаш по завршувањето на бараж средбата за влез во ПМФЛ меѓу Тиквеш и Воска Спорт, дојде до разделба меѓу Раде Цицмиловиќ и раководството на охридскиот клуб.
Воска Спорт во следната сезона ќе се натпреварува во единствената Втора лига, но допрва треба да се види какви ќе бидата амбициите.