Вардар „раскина“ со 10 фудбалери

1214

Фудбалскиот клуб Вардар се подготвува за уште една сезона во Втората лига, а овојпат планот е да се избори промоција во Првата. Раководството реши да направи промени во играчкиот колектив, па објави дека се разделува со десет фудбалери.

Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски нема да бидат дел од екипата во наредната сезона.

А во саботата Вардар го објави и првото засилување за новата сезона, а тоа е Симеон Христов кој потпиша договор на една година.

ПретходноПознати се можните ривали на Шкендија и Пандевци во ЛК, Македонија ЃП почнува од 2.коло
СледноИ Арсенал се пофали со трансфер: Маркињос стана „топчија“