Водно Санс го освои пехарот во М16 лигата!

102

Екипата на Водно Санс е државен првак во М16 лигата во машка конкуренција. По убедливата победа во полуфиналето, против Вардар, на исто начин го завршија и мечот со Академија ФМП.

АКАДЕМИЈА ФМП – ВОДНО САНС 69:102

Иако противникот ја доби првата четвртина со (30:25), Академија ФМП се држеше до средината на втората четвртина, кога избраниците на тренерот Златко Мокров беа во заостанување од само два  поени (37:39). Следуваше несфатлив пад во играта на момчињата од Кисела вода. Тоа „црно-белите“ знаеја да го „наплатат“…

Водно Санс предводен од двоецот Јаничиќ-Кириловски, заедно со Бутемер, кој се „појави“ во нападот, за неполни пет минити направија серија од (16-1), за на полувремето да стигнат до навистина високи (55:38), доволно за мирен финиш.

Цела една петорка во победничката екипа финишираше со десет и повеќе поени. Кириловски даде 17, Јаничиќ 16, Марјановиќ 15, Бутемер 14, а Митев уште 11.

Поповиќ ќе памети дека овој финален дуел го заврши со 25, а Николов беше стрелец на 11. поени.

Претходно, во натпреварот за третото место, екипата на Феникс 2010 беше за малку подобра од Вардар. Славеше победа (62:59), за трето место во М16 лигата за натпреварувачката сезона 2021/2022.

Младиот кошаркар на Водно Санс, Коста Кириловски е прогласен за најдобар на овој завршен турнир од М16 лигата.

ПретходноЃоковиќ падна од „тронот“, Медведев е новиот „крал“
СледноЛудница во Сицилија, Несторовски со честитки до Палермо!