Македонската одбојкарска репрезентација со фуриозен финиш успеа да се пласира на завршниот турнир од Европската сребрена лига 2022. Благодарение на последните две убедливи победи, Македонија се најде во друштво на Финска, Унгарија и Романија кои ќе се борат за титулата на 18 и 19 јуни во Будимпешта.
По завршувањето на лига-делот, интересна е статистичката анализа на постигнувањата во групната фаза. Меѓу македонските одбојкари се истакнуваат неколку имиња кои со својот настап навистина ги одбележаа овие квалификациски дуели.
Капитенот Никола Ѓорѓиев шесте пресметки ги заврши како најдобар поентер со 148 реализирани поени, оставајќи го зад себе албанецот Ќафарена со 140 освоени поени.
Со извонредниот настап на искусниот техничар Филип Деспотовски, Македонија го најави пресвртот во квалификацискиот дел. Деспотовски не случајно е најдобар поентер меѓу организаторите на играта на сите селекции вклучени во годинешното издание на Сребрената Лига. Нашиот искусен „плеј“ во 15 одиграни сета на пет меча реализираше дури 10 поени, со озвонредни 0,33 блокади по сет, што го прави втор најдобар блокер меѓу техничарите.
Маџунков и Савовски се на врвот на листата на најдобри поентери меѓу средните блокери, а Маџунков и втор најдобар поентер кај нашата репрезентација.
Нашите одбојкари сега имаат уште неколку дена за добри подготовки пред полуфиналето со Финска закажано за 18 јуни во Унгарија.