Лазаров: Иако знаев дека ќе освојувам медали, не прифатив – тоа ќе беше предавство!

1230

Кирил Лазаров е приказна која долго време ќе се прераскажува во светот на ракометот. Македонската гол-машина и официјално стави крај на својата богата кариера, освои се што може да посака еден спортист, сопственик е на бројни индивидуални признанија.

Патот на Лазаров кон врвот беше испреплетен со најразлични предизвици, понуди, победи и падови.

За „Мундо Депортиво“, тој зборуваше за шансата да заигра за репрезентациите на Хрватска и Унгарија.И двете замји сакаа да го натурализираат.

„Тоа беше нешто што не го чувствував, а кога нешто не чувствувате или пак не сте мотивирани, тогаш не треба да го направите. Иако знаев дека, ако играм за тие репрезентации ќе освојувам медали, сепак ќе беше предавство да се откажам од мојата земја и затоа никогаш не прифатив“, рече Лааров.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК. 

ПретходноЛудница во Сицилија, Несторовски со честитки до Палермо!
СледноРФМ со порака: Филип Миркуловски – човекот со храбро срце!