А. Пандев е посилна за Марко Ѓорѓиевски (22), напаѓачот на нашата млада репрезентација и досегашен член на Шкупи. Како што велат нашите информации, робусниот напаѓач веќе е во Струмица и му се приклучил на својот нов тим.
Секако дека по заминувањето на Георгиев и Ангелов, на “пандевци“ им требаше квалитетен шпиц и во Ѓорѓиевски и го добија.
Инаку Ѓорѓиевски во својата кариера досега покрај Шкупи, има играно и за Борец, Вардар а има и интернационална кариера во Србиија и тоа во екипите на Вождовац и Раднички Пирот.