Бразилскиот фудбалер Марсело, денеска на прес конференција, полна со емоции се прости од Реал Мадрид каде настапуваше од 2006 година.
34-годишен Бразилец едвај ги спојуваше речениците додека зборуваше, не можеше да не заплаче. Тој го напушта Реал како играч со најмногу трофеи 25 во клупската историја.
„Си ветив дека нема да плачам, но навистина е тешко. Благодарам на сите мои соиграчи и тренери, но најголема благодарност луѓето од обезбедувањето и сите оние луѓе во сенка кои вршат многу валкани работи за нас. сакам да истакнам колку се важни затоа што ние играчите треба само да играме, тие се погрижија за се друго“, рече Марсело.
„Кога заминав од Бразил сакав да играм во Лигата на шампионите. Денеска заминувам како најуспешен играч во историјата на најголемиот клуб во светот. Ќе кажам нешто што никогаш не сум го направил. Посебна благодарност до Раул кој седи овде. Многу ми помогна кога дојдов и кога се роди мојот син. Ти и твоето семејство отсекогаш се грижевте за нас, неизмерно сум ти благодарен. Ова беше прекрасна авантура. Дојдов како момче и си заминувам како човек. Ви благодарам на сите“, додаде Бразилецот кој рече дека нема да се пензионира
„Не планирам да се пензинирам во брзо време. Чувствувам дека можам уште да играм. Дали би играл против Реал Мадрид? Тоа нема да е проблем. Јас сум мадридиста но исто така и голем професионалец“, изјави Марсело.
Marcelo’s glow up at Real Madrid 💪 pic.twitter.com/vYn2gqUFhF
— ESPN FC (@ESPNFC) June 13, 2022