Искусниот фудбалер од средниот ред на Манчестер Ј., Немања Матиќ е блиску до потпис на договор со Рома.
33-годишниот Србин веќе пристигнал во главниот град на Италија. Во блиска иднина тој ќе направи лекарски прегледи и ќе потпише договор со „волчицата“, јавуваат тамношните медиуми.
Договорот кој Матиќ ќе го потпише со освојувачот на Конференциската лига ќе важи за една сезона, со можност за продолжување на уште една сезона.
Матиќ го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч.
Nemanja Matić has just landed in Roma. He’s now set to undergo medical tests and sign the contract as new AS Roma player, done deal confirmed. 🇷🇸🛩 #ASRoma
Matić will sign until June 2023 with an option for further season.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 13, 2022