Останува во Романија: Ивановски се договорил со Петролул за 6.000 евра месечно!

506

Како што пренесуваат медиумите во Романија, Мирко Ивановски е пред промоција во тамошниот клуб Петролул, член на елитната лига. Имено откако не успеа да избори опстанок со Динамо Букурешт, нашиот интернационалец и некогашен репрезентативец, се договорил со Петролул за месечна плата од 6.000 евра. Па така тој во наредната сезона ќе го носи дресот на овој клуб.

Оваа информација ја потврдија и челниците на клубот, како и менаџерот кој посредува за овој трансфер,кои за романските медиуми кои истакнуваат дека останува само да се договорат некои детали и Ивановски да биде промовиран.

ПретходноМанчестер Сити го промовираше Халанд: Ова е посебен ден за мене и за моето семејство!
Следно4 нови милионери за една недела освоија пет и пол милион денари од МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ