Познати се можните ривали на Шкендија и Пандевци во ЛК, Македонија ЃП почнува од 2.коло

476

Утре во Нион со почеток од 14 часот ќе бидат познати ривалите на македонските преставници на стартот на новата сезона во Лигата на конференциите. Шкендија и Академија Пандев ќе стартуваат од 1. Коло додека освојувачот на Купот на Македонија од 2. Коло на ова европско натпреварување.

Шкендија е во групата 5 и е носител, а можни противници се Сабуртало (Грузија), Флориана (Малта), Арарат (Ерменија), Тузла Сити (БиХ) и Дечиќ (Црна Гора).

Академија Пандев е во групата 1 и не е носител. Па за ривал ќе добие една од екипите: Динамо Тбилиси (Грузија), Алашкерт (Ерменија), Дрита (Косово), Лехија (Полска), Милсами (Молдавија).

 

ПретходноКиелини за трансферот во Лос Анџелес: Се спремам за следниот план
СледноВардар „раскина“ со 10 фудбалери