Се уште актуелниот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино, по се изгледа следната сезона се враќа во Шпанија. Некогашниот предводник на Еспањол го очекува отказот во францускиот шампион, каде на негово место ќе седне Зинедин Зидан.
Агентот на Покетино не стои со скрстени раце, па веќе наводно договара враќање на Аргентинецот на Пиринеите. Шпекулациите го носат Покетино на испразнетото тренерско мето во Атлетик Билбао, каде од пред некоја недела го нема Марселино.
Ако Рикардо Баркала биде избран на позицијата претседател на клубот, Атлетик Билбао со голема веројатност го носи Покетино во Баскија.