Најдобрата македонска атлетичарка на долги патеки, Адријана Поп Арсова обезбеди настап на Светското првенство во Орегон, САД, кое ќе се одржи од 15 до 24 јули годинава.
Како што информираа од АК Делта, според критериумот на Атлетската федерација на Македонија, во периодот од 28 јуни 2021 до 13 јуни 2022 Адријана постигна најдобар резултат од сите атлетичари и со тоа обезбеди настап во најдолгата дисциплина – маратон која ќе се одржи на 18 јули на СП во САД.