Потресна исповед на Јелена Докиќ: За малку ќе си го одземев животот

394

Поранешната австралиска тенисерка со хрватско потекло Јелена Докиќ по пат на социјалните мрежи открила дека кон крај на април годинава, сакала да скокне од 26-ти кат.

Таа и претходно често зборуваше за проблемите низ кои поминува, а овојпат објавила фотографија на која е со солзи во своите очи, а под неа напиша:

Малку недостасуваше на 28 април 2022 година да скокнам од балкон од 26-ти кат и да си го одземам животот. Никогаш нема да го заборавам тој ден.

Сè е матно. Сè е темно. Нема тон, нема слика, ништо нема смисла… Само солзи, тага, депресија, анксиозност и болка.

Ми беше исклучително тешко последните шест месеци. Константно плачев секаде. Се криев во тоалет на работа за да ги бришам солзите, за никој да не ме забележи, додека непрекинато плачев дома – стана неподносливо. Чувствата на тага и болка не заминуваа, животот ми беше разорен.

Се обвинувам себеси, мислам дека не бев вредна за љубов и исплашена сум. Исто така знам дека имам уште многу работи поради кои можам да бидам благодарна, а тогаш почнувам да се мразам себеси затоа што се чувствувам како да не сум благодарна, затоа што не можам да бидам доколку сакам сето тоа да го завршам. Таквиот затворен круг е во мојата глава.

Резултат – малку недостасуваше да скокнам од балкон од 26-ти кат на 28 април. Никогаш нема да го заборавам тој ден, само сакав болката и патењето да престанат.

Се извлеков , не ни знам како успеав во тоа. Добивањето стручна помош ми го спаси животот.

Ова не е лесно да го напишам, но секогаш бев отворена и искрена кон сите вас и длабоко верувам дека споделувањето на нашите приказни ќе ни помогне да ги надминеме тие работи и да си помогнеме едни со други. Го пишувам ова затоа што знам дека не сум единствена која се бори. Само знај дека не си сам.

Нема да кажам дека сега одлично ми оди, но дефинитивно сум на патот на закрепнувањето. Некои денови се подобри од другите и понекогаш правам чекор напред, па назад, но се борам и верувам дека можам да поминам низ ова“.

 

ПретходноИскусните се како вино: Деспотовски најдобар техничар, Ѓорѓиев прв поентер
СледноМатиќ слета во Рим, утре ќе оди на лекарски прегледи и потпис со Рома