Нашата машка ракометна репрезентација денеска ги стартуваше подготовките за својот настап на Медитеранските игри, кои се одржуваат Оран (Алжир).
Иако беа планирани и имаа повик од селекторот Кире Лазаров, четворица не присуствуваа на денешниот собир. Тоа се Дејан Манасков, Мартин Томовски, Марко Мишевски и Милан Лазаревски. Овие ракометари нема да настапат на МИ. Место нив дополнителен повик добија Теодор Тодески и Иван Галески, и двајцата од тимот на РК Алкалоид.
Исто така денеска собир имаа и нашата женска ракометнат репрезентација која исто така ќе настапи на МИ во Оран.
Селекторот Љубимир Савевски означи старт на подготовките а повика дополнително уште четири ракометарки, Аанастасија Тодоров, Сара Богоевска, Нина Попова и Наталија Максимовска.