Робот, кој е програмиран да спортува и да забавува е новата маскота за СП 2023

118

Маскотата на Светското првенство во 2023 година, е создадена од заедничка визија на тројца млади навивачи, Калој од Филипините, Кота од Јапонија и Деви од Индонезија, кои сите се сретнаа на интернет и решија да создадат нешто уникатно што ќе ги обедини љубителите на кошарката околу светот и ги претставуваат нивните три народи.

Оваа новооткриена маскота допрва треба да биде именувана бидејќи тројцата млади дизајнери сакаа фановите да бидат дел од ова возбудливо искуство.

Затоа, на официјалната страница на ФИБА Светскиот Куп 2023 година, заклучно до 30 јуни, фановите ширум светот ќе може да ги испратат своите предлози, по што и официјално ќе биде откриено и името на маскотата.

Маскотата, која всушност е робот, е програмирана да биде забавна, пријателска и спортска. Има извонредни вештини за дриблинг, а исто така има и суперсонично забивање и ќе го промовира Светското првенство на глобално ниво, и ќе ја сподели својата љубов кон кошарката со што е можно повеќе луѓе во пресрет на настанот во 2023 година.

Маскотата е исто така дизајнирана да ги охрабри обожавателите да ја земат предвид околината и да ги едуцираат младите генерации за рециклирање преку вградениот заден обрач.

Боите на маскотата го претставуваат секое од трите национални знамиња на земјата-домаќин и навивачите ќе бидат среќни кога ќе знаат дека на главата на маскотата има ЛЕД лице што и овозможува да комуницира со милиони луѓе на различни јазици.

Светското првенство, ќе стартува на 25. август, следната година и за прв пат во историјата, има три земји-домаќини: Филипини, Јапонија и Индонезија.

ПретходноМарко Ѓорѓиевски во нападот на “пандевци“!
СледноСараево се пофали со Влатко Дробаров! (ФОТО)