Сараево се пофали со Влатко Дробаров! (ФОТО)

496

И официјално Влатко Дробаров од денеска е нов член на Сараево, на еден од најпознатите и најголеми клубови во БиХ. Деновиве се шпекулираше со трансферот на нашиот стопер во “бордо“ тимот од Сараево, но денеска клубот го промовираше својот нов член со напомена дека со него е потпишан едногодишен договор со можност соработката да продолжи.

Дробаров е стопер, има 29 години а досега во својата кариера покрај клубови од Македонија има играно и во Мексико, Кипар, С. Арабија, Индија, Ерменија а во Сараево дојде од Черно Море од Бугарија.

Тој беше избран во идеалниот тим минатата сезона во елитната бугарска лига како фудбалер на Черно Море.

May be an image of 1 person, standing and indoor

May be an image of 1 person, indoor and text that says '1948 EVO errea TURKISH AIRLINES AIRLINES'

ПретходноРобот, кој е програмиран да спортува и да забавува е новата маскота за СП 2023
СледноМарсело се изнаплака на заминувањето од Реал Мадрид