Се чини дека фудбалот како што сега го знаевме, како што досега го знаевме во иднина нема да биде истиот. Имено се воведуваат низа нови правила со кој и дефинитивно некои работи во најпопуларниот спорт во светот ќе бидат поинакви.
И тие правила ќе важат од 1 јули оваа година.
Имено деновиве во Доха (Катар) заседава ИФАБ (Асоцијација за фудбалските правила во фудбалот) и се очекува да се донесат низа новитети.
И официјално се воведува правилото за пет замени, кои ќе можат да се извршуваат во три интервали плус полувремето. Шестата може да се изврши во продолженијата. Ова правило, поради Ковид-19, досега беше како експеримент, но се покажа како добро и затоа ќе се користи на сите мечеви кои ќе бидат под капата на ФИФА.
Потоа директен црвен добива играч кој ќе се игра со рака и со тоа спречува противникот да даде гол или пак спречува гол -шанса.
Голманите во иднина при изведување на пеналите мора со двете нозе да стојат на гол – линијата, ни напред ни назад туку само на гол – линијата. Досега голманот со едната нога можеше да биде малку излезен.
Кога е во прашање на воведување на „полуавтоматски офсајд“, кој го детектира видеотехнолигијата, тој систем сеуште се тестира. Инаку на СП во Катар секоја репрезентација во записникот ќе може да пријави дури 26 играчи.