Јужна Африка по цели три децении се враќа во Формула 1?

159

Најавените промени на календарот во Формула 1 за следната сезона ќе треба да донесат и изненадувачко враќање на трката во Јужна Африка по цели три децении.

Посетата на претседателот на Ф1, Стефан Доменикали, на оваа земја покажува дека преговорите за враќање на Јужна Африка во календарот се во напредна фаза. Упатените истакнуваат дека голема е веројатноста да се врати трката на легендарната патека „Кајлами“, која последен пат во Ф1 беше активна во 1993 година.

Доколку тоа се случи, голема е можноста следната сезона да се возат рекордни 24 трки. Останува прашањето што ќе се случи со Кина, која треба да се врати, но ситуацијата околу коронавирусот и натаму ја остава со една нога надвор од Ф1 календарот за 2023 година.

ПретходноМатиќ слета во Рим, утре ќе оди на лекарски прегледи и потпис со Рома
СледноПоп Арсова ќе трча на маратонот на Светското првенство во Орегон