Репрезентацијата на Казахстан игра фантастично во новата сезона во Лигата на нациите. По четири одиграни натпревари е прва во групата во Лигата Ц со три победи и едно реми.
Казахстанците тргнаа со победа над Азербејџан со 2:0, потоа ја шокираа Словачка во гости со 1:0, па ремизираа 1:1 со Белорусија во гости, а денеска ги совладаа Словаците со 2:1 и направија голем чекор напред во борбата за пласман во нокаут фазата.
Уште во првото полувреме Вороговски и Астанов постигнаа голови за водство за Казахстан со 2:0, а во второто полувреме Беро само го ублажи поразот. Словаците се втори со шест бода. Зад нив се Белорусија и Азербејџан.
Foto>www.kff.kz