Управата на ФК Беласица му ја довери функцијата шеф на стручен штаб на искусниот стратег Шефки Арифовски. Тој доаѓа на местото на Александар Стојанов. Јасно е дека целта на новиот стратег е враќање на Беласица во прволигашкото друштво.
Повратникот Арифовски има богата фудбалска кариера, како играч, но и како тренер, каде бил предводник на ФК Хорозонт Турново, ФК Слога Југомагнат, ФК Борча Белград, селектор на младински репрезентации на Македонија, ФК Кожуф и др.