Берат Имери на клупата на Воска Спорт!

1245

Воска Спорт, екипата која во минатата сезона беше хит во ВМФЛ – ЗАПАД, која заврши втора и тоа пред Вардар, но не успеа преку бараж да стигне до елитата, има нов стратег. Тоа е Берат Имери, тренерот кој има про-лиценца, а најпознат е по тоа што беше стратег на У-19 тимот на Шкендија.

Познато е дека веднаш по завршувањето на бараж средбата за влез во ПМФЛ меѓу Тиквеш и Воска Спорт, дојде до разделба меѓу Раде Цицмиловиќ и раководството на охридскиот клуб.

Воска Спорт во следната сезона ќе се натпреварува во единствената Втора лига, но допрва треба да се види какви ќе бидата амбициите.

ПретходноИвановски со златен медал на Малта, а Стојоски со бронза
СледноМладинскиот репрезентативец Бехар Фета пред трансфер во Брегалница!