Англија и Италија во саботата се сретнаа во рамките на 3. коло од елитниот дел на Лигата на нации, дуелот заврши 0-0. По завршување на мечот, италијанскиот голман и член на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, беше навредуван од страна на навивач на Милан.
Според тамошните медиуми, навивачот не штедел зборови. Донарума прво го игнорирал, но во еден момент тргнал кон толпата на фанови, кои чекале автограми по мечот.
Почнала вербална пресметка, но на голема среќа не дошло до сериозен инцидент, еден од соиграчите го прегрнал италијанскиот репрезентативец и заминале кон автобусот.
За постетување Донарума токму од Милан се пресели во редовите на фрнацускиот првак, што пак е причина за револтот на навивачот на „росонерите“.