Позната е групата во која се најде Шкупи, нашиот шампион пред утрешната ждрепка за 1.квалификациско коло во ЛШ. Познато е дека утре во Нион чаирчани ќе го добијат својот ривал, а ќе се падне еден од овие пет клубови.
Карабах (Азербејџан), Шериф (Молдавија), тоа е тимот на Бобан Николов, потоа Слован Братислава (Словачка), Шамрок Роверс (Ирска) и Линколн (Гибралтар).
Шкупи се наоѓа во групата -3 и секако дека ќе има тежок противник, кој и да се падне, можеби тимот од Гибралтар вака на хартија е некако послаб, но дали е баш така.